Дел од нумерите од оригиналната музика за “Преекспонирано” која ја напиша композиторката Линдзи Рајт, беа пуштени на денешната емисија на Марк Кермод на британското радио “Скала”. Со нејзини зборови: “Од големо значење ми е да се најдам на листа меѓу дел од моите херои од филмскиот музички свет!” – Lindsay Wright
Вести

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.
Светската премиера на дебитантскиот филм на Елеонора Венинова „Преекспонирано“ ќе биде во ноември, во официјалната конкуренција на 44. Интернационалeн филмски фестивал во Каиро. „Преекспонирано“ кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Преекспонирано“ е меѓу 14-те филма од цел свет што ќе се натпреваруваат во официјална конкуренција

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во
продукција на ДНФ Филмс во ко-продукција со ЛИЛИТ, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „
Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција.
Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.
„На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.
The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто.
Milena Viitman зборува за новиот филм „Раѓање“ кој е во пред-продукција. „Раѓање“ е поддржан од Агенција за филм, а како продуцент се потпишува Kralevski Goce
„Мала Шега“ на Трифун Ситнимковски доби поддршка и од Hrvatski audiovizualni centar (HAVC) со ко-продукцискиот партнер ИЗВАН ФОКУС од Хрватска. Филмот е поддржан и од Агенција за Филм

фото Jakov Prkic/Cropix
Два кратки филови „Раѓање” на Милена Виитман и „Мала Шега” на Трифун Ситниковски беа презентирани на работилницата SPLIT SCRIPT. На работилницата под водство на скрипт докторот Razvan Radulescu сценаријата добија доста интересни верзии.
Филмот „Раѓање” веќе доби поддршка од Агенција за Филм на Македонија, а „Мала Шега” е во фаза на развој. Филмовите се во производство на ДНФ Филмс со Гоце Кралевски како главен родуцент.
Повеќе инфо на Split Script – Slobodna Dalmacija
„Преекспонирано“ оваа година е дел од Солунскиот филмски фестивал-Агора, каде што заедно со уште 8-те проекти ќе биде прикажан во делот “Work in progress”.
„Преекспонирано“ првпат ќе го види публиката од индустријата, составена од агенти за продажба, дистрибутери и претставници на фестивали, преку клип во траење до осум минути преставен од режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски. Покрај тоа, тие ќе имаат шанса да освојат една од пост-продукциските награди.
Септември е месец на многу почетоци, а за ДНф Филмс е месец на почеток на нашата успешна приказна. Прославуваме 8 години љубов кон филмлот, 8 години поминати низ многу сорабатки и обединѕвање на силите на филмски работници од различни сфери кои ни помогнаа кон нашата цел – продукција на Mакедонски филм. Прославуваме и продолжуваме со полна пареа за изработка на следни проекти – за сите нас, љубителите на филмската уметност!