Вести

🎉Нов филм на повидок…. се завршува “Мала Шега”!🎞

Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо на голем фестивал наменет за кратки филмови.

„Преекспонирано“ дел од European Film Market

Преекспонирано дел од European Film Market – EFM како дел од Berlinale – Berlin International Film Festival преку The Open Reel од 16ти до 21ви Февруари

Азиска премиера на ПРЕЕКСПОНИРАНО на Меѓународниот филмски фестивал во Пуна

PIFF – Меѓународниот филмски фестивал во Пуна го пречекува Things Unsaid / Преекспонирано меѓу специјално избраните најдобри филмови од целиот свет во селекцијата Глобално кино на неговото 21-во издание.
Ова ќе биде прва премиера на азискиот континент и ќе трае од 2 до 9 февруари.
🎬🎟🍿

Оргинална музика за филмот Преекспонирано достапна на нет.

Оригиналната музика од Lindsay Wright за филмот Преекспонирано сега можете и да ја слушнете на спотифај на следниот линк OST THINGS UNSAID
Голема благодарност до Линдзи и нејзиниот тим од Natalia Tsupryk, Deryn Cullen и Rupert Coulson за прекрасната соработка.
Уживајте 🎼🎬

Музиката за “Преекспонирано” на ританското радио “Скала”.

Дел од нумерите од оригиналната музика за “Преекспонирано” која ја напиша композиторката Линдзи Рајт, беа пуштени на денешната емисија на Марк Кермод на британското радио “Скала”. Со нејзини зборови: “Од големо значење ми е да се најдам на листа меѓу дел од моите херои од филмскиот музички свет!” – Lindsay Wright 🎼

Рецензија за Преекспонирано од Дејвид Кац за Синеуропа.

„…Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.
Имајќи го ова предвид, во „Преекспонирано“ (анг. ‘Things Unsaid’), кој имаше премиера во Официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал во Каиро, драматуршките моменти полека се крчкаат, наместо да експлодираат, а сценариото на Венинова умешно го истражува потенцијалното значење на насловот (н.з „некажани нешта“ во буквален превод од англиски) без притоа да западне во голи ирони
и. Но, додека проблематичната тинејџерка Маја (Сара Климоска), на почетокот делува како катализатор кој ја нарушува нивната домашна хармонија, таа понатаму на еден нежен начин ја поттикнува двојката да се распадне по сопствена вина. Во нејзината нелагодна улога на ќерка или внука, наместо на семејна пријателка (особено во моментите кога флертува со двајцата), Маја делува помудро и поослободено токму заради нејзината способност да не ги остави работите некажани. “

Одлична премиера на Преекспонирано на Каиро ИФФ

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.

 

 

„Преекспонирано“ на Венинова во официјалната конкуренција на Фестивалот во Каиро

 

Светската премиера на дебитантскиот филм на Елеонора Венинова „Преекспонирано“ ќе биде во ноември, во официјалната конкуренција на 44. Интернационалeн филмски фестивал во Каиро. „Преекспонирано“ кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Преекспонирано“ е меѓу 14-те филма од цел свет што ќе се натпреваруваат во официјална конкуренција

 

ДНФ Филмс партнер со Вардар Филм во три краткометражни филмови

Денеска, во просториите на НУФЦ „Вардар Филм-Скопје, на наше огромно задоволство, меѓусебно потпишаа меморандум за соработка НУ Филмски Центар „Вардар филм – Скопјеˮ, застапуван од директорот г-дин Сани Саиди и Друштво за филмска продукција, ДНФ ФИЛМС, застапувано од продуцентот Гоце Кралевски.
⏭️ Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство на филмските проекти, со работени наслови „Раѓање“ во режија на Милена Витман, „Мала шегаˮ на Трифун Ситниковски, „Прошетка” во режија на Елеонора Венинова, во соработка со Три Точки, поддржани од Агенција за филм на Република Северна Македонија.

„Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel

 

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во

продукција на ДНФ Филмс во ко-продукција со ЛИЛИТ, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „

Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција.

Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.

„На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.

The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто.

Интервју на Милена Витман во ПОРТЕР

 

Milena Viitman зборува за новиот филм „Раѓање“ кој е во пред-продукција. „Раѓање“ е поддржан од Агенција за филм, а како продуцент се потпишува Kralevski Goce

 

Линк до интервјуто во ПОРТЕР