Преекспонирано

ДНФ ФИЛМС | Приказни што продолжуваат

️ Изминатиот месец беше уште една потврда дека значајните приказни продолжуваат да живеат, да се развиваат и да допираат до нови публики.

Во DNF Films сме горди што можеме да споделиме неколку важни моменти. Нашиот краток филм Мала шега го одбележа своето 40-то фестивалско прикажување и стана еден од истакнатите наслови на платформата SHELFTV . Три години по својата премиера, Преекспонирано повторно се најде на големото платно во рамки на програмата Македонски филмски понеделници, што уште еднаш ја потврди трајната релевантност на приказните што допираат до публиката. . Исто така, со особено задоволство гледавме како Борба за смрт повторно се прикажува во кино по многу години, при што интересот на публиката покажа дека филмот сè уште има свое значајно место во македонската кинематографија.

 Во пресрет на новите чекори, особено сме возбудени што СТРИГА, наша меѓународна копродукција со хрватската WOODZ, доби поддршка за развој од Агенцијата за филм на Македонија . Ова признание го одразува континуираниот раст на ДНФ ФИЛМС и нашата посветеност кон создавање приказни со локални корени и меѓународен потенцијал.

 ️ Им благодариме на сите соработници, институции, фестивали, прикажувачи и публика за нивната континуирана поддршка. Како што продолжуваме понатаму, остануваме фокусирани на развој и продукција на филмови што поврзуваат, предизвикуваат и траат.

 

 

Нови фестивали во октомври за „Преекспонирано“

Преекспонирани со нови фестиваслки прикажувањеа. Започнуваме со Швајцарската премиера на фестивалот Everybody’s Perfect во Женева, кој оваа годинасе од одджува од 6 до 15 октомври. Исто така, ќе бидеме дел од претстојниот фестивал CinEast во Луксембург, кој ќе трае од 5 до 22 октомври. И во Скопје, Преекспонирано, ќе го прикажува фестивалот Кненова кој се оджува од 13 до 18 октомври.

повеќе инфо на

Everybody’s Perfect   CinEast    Kinenova

Се гледаме во кино на „Преекспонирано“

Нова критика од Филмоскопија за ПРЕЕКСПОНИРАНО

Павла Банјац од Филмосокија напиша: ПРЕЕКСПОНИРАНО навистина страда од претерана експозиција, но внимателно компонираните кадри и одредени режисерски постапки (на пример, развојот на односот меѓу Ана и Филип преку брачната постела или минималното и наменско користење на музиката) сепак покажуваат дека станува збор за технички навистина вешто изведен филм кој заслужува внимание.

прочитајте повеќе на https://www.fcs.rs/preeksponirano-things-oversaid/…

ПРЕЕКСПОНИРАНО на European Film Festival Palić !

Одличен прием на ПРЕЕКСПОНИРАНО на European Film Festival Palić ! На премиерата присуствуваа режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски, а се одржа и Q&A сесија.

photo by Damir Vujković

 

Преекспонирано го отвара Beach Film Festival Ohrid

Свеченото отворање на 6-тото издание на БФФ ќе го отвори филм кој е од македонска продукција и што е сниман токму во Охрид – “Преекспонирано”

 

 

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија.

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија

Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“  📽

 

„ПРЕЕКСПОНИРАНО“ низ кината во Македонија

По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. Првиот долгометражен филм на Елеонора Венинова се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, „Киноверзум“ во Велес и во Свети Николе. Утревечер (сабота) ќе ја има и својата премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а наскоро ќе се најде и низ другите кина низ земјата.

Премиера полна до последно седиште – „Преекспонирано“

Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.

Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со аналогни фототехники и со користење на „ Ефектот Сабатиер“, односно „соларизираниот“, т.е. „преекспонираниот“ ефект по кој филмот го добива своето име.

На коктелот посетителите имаа прилика лично да им честитаат на режисерот, продуцентот, актерската екипа и останатите филмски работници, како и да уживаат во живата изведба на авторските нумери од филмот од авторот Лео Поповиќ а.к.а. Долорес.

Read More

ПРЕЕКСПОНИРАНО на KinEest Fest во Катанија, Италија

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.

Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.

 

„Преекспонирано“ дел од European Film Market

Преекспонирано дел од European Film Market – EFM како дел од Berlinale – Berlin International Film Festival преку The Open Reel од 16ти до 21ви Февруари