Борба за Смрт

ДНФ ФИЛМС | Приказни што продолжуваат

️ Изминатиот месец беше уште една потврда дека значајните приказни продолжуваат да живеат, да се развиваат и да допираат до нови публики.

Во DNF Films сме горди што можеме да споделиме неколку важни моменти. Нашиот краток филм Мала шега го одбележа своето 40-то фестивалско прикажување и стана еден од истакнатите наслови на платформата SHELFTV . Три години по својата премиера, Преекспонирано повторно се најде на големото платно во рамки на програмата Македонски филмски понеделници, што уште еднаш ја потврди трајната релевантност на приказните што допираат до публиката. . Исто така, со особено задоволство гледавме како Борба за смрт повторно се прикажува во кино по многу години, при што интересот на публиката покажа дека филмот сè уште има свое значајно место во македонската кинематографија.

 Во пресрет на новите чекори, особено сме возбудени што СТРИГА, наша меѓународна копродукција со хрватската WOODZ, доби поддршка за развој од Агенцијата за филм на Македонија . Ова признание го одразува континуираниот раст на ДНФ ФИЛМС и нашата посветеност кон создавање приказни со локални корени и меѓународен потенцијал.

 ️ Им благодариме на сите соработници, институции, фестивали, прикажувачи и публика за нивната континуирана поддршка. Како што продолжуваме понатаму, остануваме фокусирани на развој и продукција на филмови што поврзуваат, предизвикуваат и траат.

 

 

„Борба за смрт“ со телевизиска дистрибуција во Европа, САД и Азија

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ е еден од ретките филмови кој обезбеди телевизиска дистрибуција, преку каналот Shorts TV, во Европа, Азија и Северна Америка, со што наградуваниот филм на авторката Елеонора Венинова продуциран од Гоце Кралевски од ДНФ филмс ќе стане достапен за милионската публика на овие континенти.

Read More

“Борба за смрт” ја доби наградата за Најдобра монтажа

“Борба за смрт” ја доби наградата за Најдобра монтажа на Интернационалниот филмски фетивал ОДА во Тетово 

Посебно признание од жирито за “Борба за смрт” на Медтеранскиот Филсмки Фестивал во Танџиер

Посебно признание од жирито за ‘Борба за смрт’ на Медтеранскиот Филсмки Фестивал во Танџиер, Мароко 

“За балансот помеѓу мизансценот и дијалозите и за умешноста на водењето на актерите кои истовремено играат комедија и драма”

Режисерката Елеонора Венинова во Танџиер, Мароко

 “Борба за смрт” оваа недела се прикажува на фестивали во Кина и Мароко.

“Борба за смрт” ќе биде дел од овогодишното издание на Медитеранскиот Филмски Фестивал за Краток Филм во Тнаџиер, Мароко, каде што режиесерката Елеонора Венинове е гостин и во   Жинзен Интеранационалниот Фестивал за краток филм во Ханџченг, Кина каде што продуцентот Гоце Кралевски ќе го презенитра филмот.

“Борба за смрт” на фестивал во Пула

“Борба за смрт” на фестивал во Пула

Dobrodošli 

Pula Film Festival

Борбата продолжува…

После успешните прикажувања на филмот „Борба за Смрт“ повеќе од година дена, посета на уште еден фестивал – SEE A PARIS – 3 Јуни INALCO кино

Борбата продолжува…

„Борба за смрт“ во Вилнус

„Борба за смрт“ вчера играше во Вилнус во официјална конкуренција на фестивалот Кино Павасарис. Следат уште две прикажувања на фестивалот во наредните 10 дена. Кој е таму, бујрум.
http://kinopavasaris.lt/en/programa/6102-fighting-for-death

 

“Борба за смрт” во турскиот магазин Hayal Perdesi.

“Животот и смртта се неразделни” е насловот на текстот во турскиот магазин Hayal Perdesi посветен на филмот „Борба за смрт“. За филмот зборуваат режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски.

Read More

„Борба за смрт“ играше во Шпанија

„Борба за смрт“ изминатата недела играше во Шпанија, каде филмот го претставија режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски.

Режисерката Елеонора Венинвао и продуцентот Гоце Кралевски на Филмскиот Фестивал Сориа