Краткиот филм „Мала Шега“ продолжува да бележи исклучително успешно фестивалско патување, со повеќе од 40 официјални фестивалски селекции ширум светот. Од регионални и национални натпревари, до значајни меѓународни фестивали, филмот постојано наоѓа нова публика и препознавање во различни културни контексти.
Во текот на својата досегашна фестивалска кариера, „Мала Шега“ беше прикажан на бројни престижни настани, каде освои и награди, и признанија од жирија и публика, како еден од истакнатите македонски кратки филмови на меѓународната сцена.
Паралелно со фестивалското патување, филмот сега започнува и ново дигитално поглавје, „Мала Шега“ е достапна на streaming платформата Shelf TV каде што е претставена како award-winning short film и моментално е главниот адут на платформата.
повеќе на следниот линк: https://shelftv.com/news/38/shelf-tv-announces-award-winning-short-a-joke-arriving-sunday-may-31st






































