ПРВА НАГРАДА ЗА „РАЃАЊЕ“!
ПРВА НАГРАДА ЗА „РАЃАЊЕ“!
Филмот „Раѓање“ (BIRTHING) во режија на Милена Витман ја освои својата прва награда, добивајќи Специјално признание во националната конкуренција на фестивалот Џирни.
Наградата ја прими продуцентот Гоце Кралевски, кој присуствуваше на фестивалот. По проекцијата на филмот, на Q&A сесијата присуствуваа директорката на фотографија Марина Коловска и продуцентот Гоце Кралевски.
Филм што останува во сеќавање заради искреноста на неговата перспектива. Нè внесува во искуството на раѓањето без филтри, конвенции или дистанца, пронаоѓајќи филмски јазик кој делува непосредно и длабоко лично. Има нешто храбро во начинот на кој ги набљудува телото, искуството и сè она што доаѓа со нив.
Нашето Специјално признание во националната конкуренција му припадна на „РАЃАЊЕ“, во режија на Милена Витман.
– Жири на Sирни





