Последните Камбани

“Последните Камбани” со “Почесна Награда” на Тонеин Филм Фестивал

“Последните Камбани” продолжуваат со успеси. Најновата “Почесна Награда” (PRIX D’HONNEUR) на Тонеин Филм Фестивал, Франција ја доби од жирото.

 

Специјална награда за “Последните Камбани”

Специјална награда од жирито на Балкан 3ф во Поградец, Албанија, за “Последните Камбани”
Се повеќе Фестивали и Награди се редат 🙂

2 НОВИ награди во Русија за “Последните Камбани”

2 НОВИ награди во Русија на фестивалот “Light for World”: Награда за најдобар кинематограф – ФЕЈМИ ДАУТ и Второ место во официјалната конкуренција за кратки филмови!

„Последните Камбани“ со награда во Русија

Краткиот филм Последните Камбани ја освои наградата од публиката и воедно  е прогласен за победник на меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петерсбург. Ова беше и негова руска премиера. По низата успешни фестивалски прикажувања на повеќе значајни фестивали ова е втора награда за Последните Камбани.

“Последни камбани” во нови фестивалски улоги

После неодамнешното учество во официјалната меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал во Силхет, Бангладеш, овој месец следува прикажување на овој филмски фестивал во Скопје, а потоа и на фестивалот на него филм кој ќе се одржи во Медисон, во државата Висконсин, САД.
Фестивалскиот живот на “Последниот камбани” продолжува и со официјалната, меѓународна конкуренција на фестивалот на краток филм “Фастнет”, кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Шул, Република Ирска, а меѓувреме потврдено е и учество на Меѓународниот фестивал на кратко филм и анимација во Санкт Петербург, кој започнува на 1 мај.
Филмот “Последни камбани”, кој својата премиера ја имаше на Светскиот филмски фестивал во Монтреал и истовремено освои првиот награда за најдобар краток филм, продолжува со нови фестивалски прикази.

“Послендите Камбани” продолжуваат со фестивалски прикажувања

“Послендите Камбани” продолжуваат со фестивалски прикажувања,”Sylhet Film Festival” во Силхет, Бангладеш и “Globe International Silent Film Festival” во Медисон, САД

Камбаните биеја во Белгија.

Камбаните биеја во Белгија. Во средновековниот Левен, на 23тиот фестивал на краток филм. Полна сала, задоволна публика и Q&A сесија.

“Последните камбани” ќе учествува на фестивалот на краток филм во Левен, Белгија

“Последните камбани” ќе учествува на фестивалот на краток филм во Левен, Белгија – квалификациски фестивал за Оскар и за ЕФА

повеќе на:
http://www.kortfilmfestival.be/en/short/2017/the-last-church-bells

 

“Последните Камбани” на Синедејс

Уште една прилика скопската публика да го види “Последните Камбани” на Синедејс 🙂

http://cinedays.mk/mk/poslednite-kambani-mk/

“Камбаните” во Драма

На 41то издание на Интернационалниот Фестивал на Краток филм во Драма, грција “Последните камбани” во официјална селекција на Интернациолналната програма. Режисерот Николче Поповски и Продуцентот Гоце Кралевски беа дел од фестивалот

Се гледаме на следниот фестивал 🙂

Read More