Вести

ПРВА НАГРАДА ЗА „РАЃАЊЕ“!

ПРВА НАГРАДА ЗА „РАЃАЊЕ“!

Филмот „Раѓање“ (BIRTHING) во режија на Милена Витман ја освои својата прва награда, добивајќи Специјално признание во националната конкуренција на фестивалот Џирни.

Наградата ја прими продуцентот Гоце Кралевски, кој присуствуваше на фестивалот. По проекцијата на филмот, на Q&A сесијата присуствуваа директорката на фотографија Марина Коловска и продуцентот Гоце Кралевски.

Филм што останува во сеќавање заради искреноста на неговата перспектива. Нè внесува во искуството на раѓањето без филтри, конвенции или дистанца, пронаоѓајќи филмски јазик кој делува непосредно и длабоко лично. Има нешто храбро во начинот на кој ги набљудува телото, искуството и сè она што доаѓа со нив.

Нашето Специјално признание во националната конкуренција му припадна на „РАЃАЊЕ“, во режија на Милена Витман.

– Жири на Sирни

 

 

 

Премиера на „РАЃАЊЕ“

️Македонскиот краткометражен филм „Раѓање“ јa имаше својата премиера на престижниот International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS,.
Во официјалната селекција за „Мала Камера 300“ беше одбран меѓу селкеција од силен избор на филмови, преставуван од нашата кинемтагораферака Марина Колоска, а на премерата беа и режисерката Милена Витман, сценографката Алексадра Петкова и продуцентот Гоце Кралевски

 

13 ГОДИНИ ФИЛМ

Награда за најдобра актерка за „Мала Шега“ на Галичник Филм Фестивал!

 

Награда за најдобра актерка за „Мала Шега“ на Галичник Филм Фестивал!

Со особена гордост објавуваме дека „Мала Шега“ ја освои наградата за Најдобра актерка на Галичник Филм Фестивал.

Жирито во своето образложение за наградата истакна:

Јана Никодиновска за улогата на Надја во филмот „Мала Шега“, за извонредно суптилната и уверлива интерпретација на младата генерација и нејзините внатрешни конфликти; за борбата меѓу семејните околности, општествените притисоци и личните желби, која преку емоционална искреност и автентично присуство создава лик во кој денес можат да се препознаат многу млади луѓе.

Уште едно значајно признание за филмот и неговата актерска екипа, кое го збогатува неговото успешно фестивалско патување.

 

 

„Мала Шега“ прогласен за Најдобар балкански краток филм на Adriatic Film Festival

Уште едно значајно меѓународно признание за „Мала Шега“!

Краткиот филм „Мала Шега“ ја освои наградата за Најдобар балкански краток филм на Adriatic Film Festival во Италија. Фестивалот претставува важна платформа за промоција на филмската уметност од Јадранскиот и Балканскиот регион, собирајќи автори и филмови од различни земји.

Оваа награда е уште едно признание за успешното меѓународно патување на филмот, кој досега е прикажан на повеќе од 40 фестивали ширум светот и освои бројни награди и признанија.

Им благодариме на фестивалот, жирито и публиката за довербата и поддршката.

„Мала Шега“ продолжува понатаму.

ДНФ ФИЛМС | Приказни што продолжуваат

️ Изминатиот месец беше уште една потврда дека значајните приказни продолжуваат да живеат, да се развиваат и да допираат до нови публики.

Во DNF Films сме горди што можеме да споделиме неколку важни моменти. Нашиот краток филм Мала шега го одбележа своето 40-то фестивалско прикажување и стана еден од истакнатите наслови на платформата SHELFTV . Три години по својата премиера, Преекспонирано повторно се најде на големото платно во рамки на програмата Македонски филмски понеделници, што уште еднаш ја потврди трајната релевантност на приказните што допираат до публиката. . Исто така, со особено задоволство гледавме како Борба за смрт повторно се прикажува во кино по многу години, при што интересот на публиката покажа дека филмот сè уште има свое значајно место во македонската кинематографија.

 Во пресрет на новите чекори, особено сме возбудени што СТРИГА, наша меѓународна копродукција со хрватската WOODZ, доби поддршка за развој од Агенцијата за филм на Македонија . Ова признание го одразува континуираниот раст на ДНФ ФИЛМС и нашата посветеност кон создавање приказни со локални корени и меѓународен потенцијал.

 ️ Им благодариме на сите соработници, институции, фестивали, прикажувачи и публика за нивната континуирана поддршка. Како што продолжуваме понатаму, остануваме фокусирани на развој и продукција на филмови што поврзуваат, предизвикуваат и траат.

 

 

„Мала Шега“ главен адут на streaming платформата Shelf TV по 40 фестивалски селекции!

Краткиот филм „Мала Шега“ продолжува да бележи исклучително успешно фестивалско патување, со повеќе од 40 официјални фестивалски селекции ширум светот. Од регионални и национални натпревари, до значајни меѓународни фестивали, филмот постојано наоѓа нова публика и препознавање во различни културни контексти.

Во текот на својата досегашна фестивалска кариера, „Мала Шега“ беше прикажан на бројни престижни настани, каде освои и награди, и признанија од жирија и публика, како еден од истакнатите македонски кратки филмови на меѓународната сцена.

Паралелно со фестивалското патување, филмот сега започнува и ново дигитално поглавје, „Мала Шега“ е достапна на streaming платформата Shelf TV каде што е претставена како award-winning short film и моментално е главниот адут на платформата.

повеќе на следниот линк: https://shelftv.com/news/38/shelf-tv-announces-award-winning-short-a-joke-arriving-sunday-may-31st

ДНФ Филмс во ТРСТ – When East Meets West

Од 18 до 20 јануари, во Трст, Италија, во рамки на Inspiration Lab – When East Meets West, продуцентот Гоце Кралевски учествуваше на работилницата Amazing Intelligence – AI & Audience Design, реализирана во соработка со ACE Producers. Работилницата беше фокусирана на современи пристапи во користење на вештачка интелигенција, развој на audience design стратегии, како и практични алатки за подобро развивање, позиционирање и аплицирање на филмски и аудиовизуелни проекти на меѓународни фондови и пазари, со поддршка од Агенција за Филм.

 

Позади камерите на „Мала Шега“

На 26 август 2025 лани  ја имавме премиерата на „Мала Шега“ на престижниот Оденсе Филм Фестивал во Данска. Да се потсетиме како изгледаше зад камерите 👀🎬 на следниов линк.

И баш во вистински тајминг, стигна веста за уште еден фестивал, 30-то по ред селектирање на „Мала Шега“.

 

🎬 МАЛА ШЕГА – Двоен триумф на бреговите на Охридското Езеро

Фестивалското патување на Мала Шега продолжува да блеска! По низа меѓународни признанија, филмот сега доби уште две престижни награди за најдобар филм – овојпат во Македонија, на прекрасните брегови на Охридското Езеро.

🏆 Beach Film Festival – Најдобар филм
🏆 DRIM SHORT Film Festival – Најдобар филм во национална конкуренција

Овие последни признанија се уште еден потсетник на силната врска на филмот со публиката – и дома и во светот. Двата фестивали ја слават филмската уметност во еден од најубавите и културно најбогати региони, што ја прави оваа победа уште поскапоцена.

Голема благодарност до двата фестивали, до жирито и до сите кои го споделија овој момент со нас. Охридското Езеро засекогаш ќе има посебно место во приказната на Мала Шега. 🌊🎥

„Мала шега“ ја отвори 18-тата „полнолетна“ година на Фестивалот на медитерански филм во Сплит 🇭🇷

Од 104 селектирани филмови од 37 земји, токму овој краткометражен филм беше избран за свеченото отворање на фестивалот, како најсилен одраз на годинешната тема: полнолетство, личен раст, љубов, пријателство и прашањата што доаѓаат со зачекорувањето во светот на возрасните.
Публиката во Сплит реагираше со искрен аплауз уште при излегувањето на екипата на сцена. По проекцијата, следуваа коментари дека ликовите и светот што го носи филмот оставиле впечаток како да се дел од долгометражно остварување, толку живи и присутни што остануваат со гледачот и по последниот кадар.
„Мала шега“ е еден од ретките кратки филмови во историјата на фестивалот кој бил повикан на Q&A сесија по проекцијата – гест што говори за длабокиот одек што го остави кај публиката.
На отворањето присуствуваа режисерот Трифун Ситниковски и продуцентите Гоце Кралевски и Адријана Пруговечки.
Филмот беше прифатен со топлина и внимание, токму онака како што се надева секоја мала, искрена приказна кога ќе се најде на големо платно.