Свеченото отворање на 6-тото издание на БФФ ќе го отвори филм кој е од македонска продукција и што е сниман токму во Охрид – “Преекспонирано”

Свеченото отворање на 6-тото издание на БФФ ќе го отвори филм кој е од македонска продукција и што е сниман токму во Охрид – “Преекспонирано”

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија
Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“ ![]()


По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. Првиот долгометражен филм на Елеонора Венинова се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, „Киноверзум“ во Велес и во Свети Николе. Утревечер (сабота) ќе ја има и својата премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а наскоро ќе се најде и низ другите кина низ земјата.

Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.
Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со аналогни фототехники и со користење на „ Ефектот Сабатиер“, односно „соларизираниот“, т.е. „преекспонираниот“ ефект по кој филмот го добива своето име.
На коктелот посетителите имаа прилика лично да им честитаат на режисерот, продуцентот, актерската екипа и останатите филмски работници, како и да уживаат во живата изведба на авторските нумери од филмот од авторот Лео Поповиќ а.к.а. Долорес.
Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.
Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.
Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.

Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо на голем фестивал наменет за кратки филмови.




Дел од нумерите од оригиналната музика за “Преекспонирано” која ја напиша композиторката Линдзи Рајт, беа пуштени на денешната емисија на Марк Кермод на британското радио “Скала”. Со нејзини зборови: “Од големо значење ми е да се најдам на листа меѓу дел од моите херои од филмскиот музички свет!” – Lindsay Wright ![]()


