Рецензии

Нова критика од Филмоскопија за ПРЕЕКСПОНИРАНО

Павла Банјац од Филмосокија напиша: ПРЕЕКСПОНИРАНО навистина страда од претерана експозиција, но внимателно компонираните кадри и одредени режисерски постапки (на пример, развојот на односот меѓу Ана и Филип преку брачната постела или минималното и наменско користење на музиката) сепак покажуваат дека станува збор за технички навистина вешто изведен филм кој заслужува внимание.

прочитајте повеќе на https://www.fcs.rs/preeksponirano-things-oversaid/…

Рецензија за Преекспонирано од Дејвид Кац за Синеуропа.

„…Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.
Имајќи го ова предвид, во „Преекспонирано“ (анг. ‘Things Unsaid’), кој имаше премиера во Официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал во Каиро, драматуршките моменти полека се крчкаат, наместо да експлодираат, а сценариото на Венинова умешно го истражува потенцијалното значење на насловот (н.з „некажани нешта“ во буквален превод од англиски) без притоа да западне во голи ирони
и. Но, додека проблематичната тинејџерка Маја (Сара Климоска), на почетокот делува како катализатор кој ја нарушува нивната домашна хармонија, таа понатаму на еден нежен начин ја поттикнува двојката да се распадне по сопствена вина. Во нејзината нелагодна улога на ќерка или внука, наместо на семејна пријателка (особено во моментите кога флертува со двајцата), Маја делува помудро и поослободено токму заради нејзината способност да не ги остави работите некажани. “

“Борба за смрт” во турскиот магазин Hayal Perdesi.

“Животот и смртта се неразделни” е насловот на текстот во турскиот магазин Hayal Perdesi посветен на филмот „Борба за смрт“. За филмот зборуваат режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски.

Read More

Рецензија за „Борба за смрт“. (на италијански).

Рецензија за „Борба за смрт“. (на италијански). Филмот беше прикажан на фестивалот Linea d’Ombra во Салерно, Италија.

Read More

FIPRESCI критичарот István Szathmáry пишува за „Борба за смрт“  :)

„Филмот зборува за потресната, но истовремено и смешна борба да се спречи другиот да умре прв, раскажана со доволно хумор и апсурдност. Основната идеја на приказната е брилијантна: борба да се добие трката за смрт и да се сочува здравјето на противникот по секоја цена“ – István Szathmáry, член на ФИПРЕСЦИ (Меѓународната федерација на филмски критичари) пишува за „Борба за смрт“.

Прочитајте ја целосната статија на FIPRESCI