Рецензија за Преекспонирано од Дејвид Кац за Синеуропа.

„…Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.
Имајќи го ова предвид, во „Преекспонирано“ (анг. ‘Things Unsaid’), кој имаше премиера во Официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал во Каиро, драматуршките моменти полека се крчкаат, наместо да експлодираат, а сценариото на Венинова умешно го истражува потенцијалното значење на насловот (н.з „некажани нешта“ во буквален превод од англиски) без притоа да западне во голи ирони
и. Но, додека проблематичната тинејџерка Маја (Сара Климоска), на почетокот делува како катализатор кој ја нарушува нивната домашна хармонија, таа понатаму на еден нежен начин ја поттикнува двојката да се распадне по сопствена вина. Во нејзината нелагодна улога на ќерка или внука, наместо на семејна пријателка (особено во моментите кога флертува со двајцата), Маја делува помудро и поослободено токму заради нејзината способност да не ги остави работите некажани. “