Награди

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија.

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија

Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“  📽

 

“Последните Камбани” со “Почесна Награда” на Тонеин Филм Фестивал

“Последните Камбани” продолжуваат со успеси. Најновата “Почесна Награда” (PRIX D’HONNEUR) на Тонеин Филм Фестивал, Франција ја доби од жирото.

 

Специјална награда за “Последните Камбани”

Специјална награда од жирито на Балкан 3ф во Поградец, Албанија, за “Последните Камбани”
Се повеќе Фестивали и Награди се редат 🙂

2 НОВИ награди во Русија за “Последните Камбани”

2 НОВИ награди во Русија на фестивалот “Light for World”: Награда за најдобар кинематограф – ФЕЈМИ ДАУТ и Второ место во официјалната конкуренција за кратки филмови!

„Последните Камбани“ со награда во Русија

Краткиот филм Последните Камбани ја освои наградата од публиката и воедно  е прогласен за победник на меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петерсбург. Ова беше и негова руска премиера. По низата успешни фестивалски прикажувања на повеќе значајни фестивали ова е втора награда за Последните Камбани.

“Борба за смрт” ја доби наградата за Најдобра монтажа

“Борба за смрт” ја доби наградата за Најдобра монтажа на Интернационалниот филмски фетивал ОДА во Тетово 

Посебно признание од жирито за “Борба за смрт” на Медтеранскиот Филсмки Фестивал во Танџиер

Посебно признание од жирито за ‘Борба за смрт’ на Медтеранскиот Филсмки Фестивал во Танџиер, Мароко 

“За балансот помеѓу мизансценот и дијалозите и за умешноста на водењето на актерите кои истовремено играат комедија и драма”

Режисерката Елеонора Венинова во Танџиер, Мароко

Прва награда на Светскиот филмски фестивал во Монтреал за “Последните Камбани”

Прва награда на Светскиот филмски фестивал во Монтреал за “Последните Камбани”

Прв фестивал и прва награда, одличен почеток за кој се надеваме дека ќе продолжи. Монтреал Светски Филмски Фестивал е фестивал веќе 41година со силна традиција.
Така што е одлична вест дека премиерата како и фестивалскиот живот започнува со награда.

 

НАГРАДИТЕ НА 41то ИЗДАНИЕ НА СВЕТСКИО ФИЛМКИ ФЕСТИВАЛ, МОНТРЕАЛ 2017

“Борба за смрт” награден на Интернационалниот Филмски фестивал во Измир.

Награда за 2 најдобар филм на Интернационалниот Филмски фестивал во Измир.

Продуцентот Гоце Кралевски на доделување на наградата во Измир.

Награда за најдобра машка улога за Мите Грозданов и Илија Струмениковски за нивната изведба во “Борба за смрт”.

Награда за најдобра машка улога за Мите Грозданов и Илија Струмениковски за нивната изведба во ‘Борба за смрт’.  

The Direcor of the Fighitng For Death – Eleonora Veninova – with the AWARDS