Вести
🌿 ДНФ Филмс прави значајни чекори кон екоолошка комапанија преку имплементирање на „Манифест“-от за Зелена Продукција.
Со секој кадар, создаваме не само филмски магија, туку и ја поддржуваме нашата планета.”🌍🎥
повеќе инфо на: https://iesi.eco/en/manifest/
Преекспонирани со нови фестиваслки прикажувањеа. Започнуваме со Швајцарската премиера на фестивалот Everybody’s Perfect во Женева, кој оваа годинасе од одджува од 6 до 15 октомври. Исто така, ќе бидеме дел од претстојниот фестивал CinEast во Луксембург, кој ќе трае од 5 до 22 октомври. И во Скопје, Преекспонирано, ќе го прикажува фестивалот Кненова кој се оджува од 13 до 18 октомври.
повеќе инфо на
Everybody’s Perfect CinEast Kinenova
Се гледаме во кино на „Преекспонирано“
Павла Банјац од Филмосокија напиша: ПРЕЕКСПОНИРАНО навистина страда од претерана експозиција, но внимателно компонираните кадри и одредени режисерски постапки (на пример, развојот на односот меѓу Ана и Филип преку брачната постела или минималното и наменско користење на музиката) сепак покажуваат дека станува збор за технички навистина вешто изведен филм кој заслужува внимание.
прочитајте повеќе на https://www.fcs.rs/preeksponirano-things-oversaid/…
Одличен прием на ПРЕЕКСПОНИРАНО на European Film Festival Palić ! На премиерата присуствуваа режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски, а се одржа и Q&A сесија.
photo by Damir Vujković
Свеченото отворање на 6-тото издание на БФФ ќе го отвори филм кој е од македонска продукција и што е сниман токму во Охрид – “Преекспонирано”
„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија
Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“
По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. Првиот долгометражен филм на Елеонора Венинова се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, „Киноверзум“ во Велес и во Свети Николе. Утревечер (сабота) ќе ја има и својата премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а наскоро ќе се најде и низ другите кина низ земјата.