Краткометражниот филм „Борба за смрт“ е еден од ретките филмови кој обезбеди телевизиска дистрибуција, преку каналот Shorts TV, во Европа, Азија и Северна Америка, со што наградуваниот филм на авторката Елеонора Венинова продуциран од Гоце Кралевски од ДНФ филмс ќе стане достапен за милионската публика на овие континенти.
“Борба за смрт” ја доби наградата за Најдобра монтажа на Интернационалниот филмски фетивал ОДА во Тетово
Посебно признание од жирито за ‘Борба за смрт’ на Медтеранскиот Филсмки Фестивал во Танџиер, Мароко
“За балансот помеѓу мизансценот и дијалозите и за умешноста на водењето на актерите кои истовремено играат комедија и драма”
“Борба за смрт” ќе биде дел од овогодишното издание на Медитеранскиот Филмски Фестивал за Краток Филм во Тнаџиер, Мароко, каде што режиесерката Елеонора Венинове е гостин и во Жинзен Интеранационалниот Фестивал за краток филм во Ханџченг, Кина каде што продуцентот Гоце Кралевски ќе го презенитра филмот.
После успешните прикажувања на филмот „Борба за Смрт“ повеќе од година дена, посета на уште еден фестивал – SEE A PARIS – 3 Јуни INALCO кино
Борбата продолжува…
„Борба за смрт“ вчера играше во Вилнус во официјална конкуренција на фестивалот Кино Павасарис. Следат уште две прикажувања на фестивалот во наредните 10 дена. Кој е таму, бујрум.
http://kinopavasaris.lt/en/programa/6102-fighting-for-death
“Животот и смртта се неразделни” е насловот на текстот во турскиот магазин Hayal Perdesi посветен на филмот „Борба за смрт“. За филмот зборуваат режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски.
„Борба за смрт“ изминатата недела играше во Шпанија, каде филмот го претставија режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски.
Рецензија за „Борба за смрт“. (на италијански). Филмот беше прикажан на фестивалот Linea d’Ombra во Салерно, Италија.