Фестивали

Премиера на „Мала шега“ на ОФФ во Оденсе, Данска

🎬Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) во Данска заедно со 147 филмови од 39 различни земји.

 

„Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

🎞️Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска.
🎥Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска.

Нови фестивали во октомври за „Преекспонирано“

Преекспонирани со нови фестиваслки прикажувањеа. Започнуваме со Швајцарската премиера на фестивалот Everybody’s Perfect во Женева, кој оваа годинасе од одджува од 6 до 15 октомври. Исто така, ќе бидеме дел од претстојниот фестивал CinEast во Луксембург, кој ќе трае од 5 до 22 октомври. И во Скопје, Преекспонирано, ќе го прикажува фестивалот Кненова кој се оджува од 13 до 18 октомври.

повеќе инфо на

Everybody’s Perfect   CinEast    Kinenova

Се гледаме во кино на „Преекспонирано“

ПРЕЕКСПОНИРАНО на European Film Festival Palić !

Одличен прием на ПРЕЕКСПОНИРАНО на European Film Festival Palić ! На премиерата присуствуваа режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски, а се одржа и Q&A сесија.

photo by Damir Vujković

 

Преекспонирано го отвара Beach Film Festival Ohrid

Свеченото отворање на 6-тото издание на БФФ ќе го отвори филм кој е од македонска продукција и што е сниман токму во Охрид – “Преекспонирано”

 

 

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија.

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија

Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“  📽

 

ПРЕЕКСПОНИРАНО на KinEest Fest во Катанија, Италија

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.

Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.

 

Азиска премиера на ПРЕЕКСПОНИРАНО на Меѓународниот филмски фестивал во Пуна

PIFF – Меѓународниот филмски фестивал во Пуна го пречекува Things Unsaid / Преекспонирано меѓу специјално избраните најдобри филмови од целиот свет во селекцијата Глобално кино на неговото 21-во издание.
Ова ќе биде прва премиера на азискиот континент и ќе трае од 2 до 9 февруари.
🎬🎟🍿

Одлична премиера на Преекспонирано на Каиро ИФФ

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.

 

 

„Преекспонирано“ на Венинова во официјалната конкуренција на Фестивалот во Каиро

 

Светската премиера на дебитантскиот филм на Елеонора Венинова „Преекспонирано“ ќе биде во ноември, во официјалната конкуренција на 44. Интернационалeн филмски фестивал во Каиро. „Преекспонирано“ кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Преекспонирано“ е меѓу 14-те филма од цел свет што ќе се натпреваруваат во официјална конкуренција