Преекспонирано

Прва клапа на „Преекспонирано“

Режисерката Елеонора Венинова на крајот на неделава во Скопје и во Охрид почнa да го снима својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“, по нејзино сценарио, во продукција на Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а има поддршката од Еуримаж во делот на развој на копродукции.

Во филмот ќе играат Сара Климоска, Благој Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ-Џиџи, костимограф е Жаклина Крстевска.

Read More

„Преекспонирано“ подржан од Еуримаж

На 158-тиот состанок на управниот одбор , фондот „Еуримаж“ на Советот на Европа го поддржи филмот „Преекспонирано“ на македонската режисерка Елеонора Венинова во износ од 88.000 евра.

Eurimage поддржа 19 играни филмови, 2 анимирани филмови и 7 документарни филмови со вкупно 6.138.000 евра на оваа сесија.

Фондот напомена дека 37,5% од поддржаните проекти биле насочени од жени и дека биле издвоени 2.078.000 евра за овие проекти, што претставува 34% од вкупно доделениот износ.

Нови подршки за “Преекспонирано”

Преекспонирано, филм на Елеонора Венинова, покрај добиената поддршка од Агенцијата за Филм на Македонија, има добиено и подршка од Српскиот Филмски центар и од SEE Cinema Network. Со тоа овој проект има официјална поддшрка и од други официјални јавни фондови и голема ко-продукциска соработка.

Агенцијата за филм го поддржа дебитанскиот филм “Преекспонирано”

Агенцијата за филм го поддржа дебитанскиот филм “Преекспонирано” на Елеонора Венинова во продукција на ДНФ филмс на Гоце Кралевски.