Мала Шега

🎉Нов филм на повидок…. се завршува “Мала Шега”!🎞

Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо на голем фестивал наменет за кратки филмови.

ДНФ Филмс партнер со Вардар Филм во три краткометражни филмови

Денеска, во просториите на НУФЦ „Вардар Филм-Скопје, на наше огромно задоволство, меѓусебно потпишаа меморандум за соработка НУ Филмски Центар „Вардар филм – Скопјеˮ, застапуван од директорот г-дин Сани Саиди и Друштво за филмска продукција, ДНФ ФИЛМС, застапувано од продуцентот Гоце Кралевски.
⏭️ Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство на филмските проекти, со работени наслови „Раѓање“ во режија на Милена Витман, „Мала шегаˮ на Трифун Ситниковски, „Прошетка” во режија на Елеонора Венинова, во соработка со Три Точки, поддржани од Агенција за филм на Република Северна Македонија.

„Мала Шега“ со поддршка од HAVC

„Мала Шега“ на Трифун Ситнимковски доби поддршка и од Hrvatski audiovizualni centar (HAVC) со ко-продукцискиот партнер ИЗВАН ФОКУС од Хрватска. Филмот е поддржан и од Агенција за Филм

 

Инфо на HAVC web страната

 

„Раѓање” и „Мала Шега” на работилницат SPLIT SCRIPT

фото Jakov Prkic/Cropix

 

Два кратки филови „Раѓање” на Милена Виитман и „Мала Шега” на Трифун Ситниковски беа презентирани на работилницата SPLIT SCRIPT. На работилницата под водство на скрипт докторот Razvan Radulescu сценаријата добија доста интересни верзии.

Филмот „Раѓање” веќе доби поддршка од Агенција за Филм на Македонија, а „Мала Шега” е во фаза на развој. Филмовите се во производство на ДНФ Филмс со Гоце Кралевски како главен родуцент.

Повеќе инфо на Split Script – Slobodna Dalmacija