ДНФ Филмс партнер со Вардар Филм во три краткометражни филмови
Денеска, во просториите на НУФЦ „Вардар Филм-Скопје, на наше огромно задоволство, меѓусебно потпишаа меморандум за соработка НУ Филмски Центар „Вардар филм – Скопјеˮ, застапуван од директорот г-дин Сани Саиди и Друштво за филмска продукција, ДНФ ФИЛМС, застапувано од продуцентот Гоце Кралевски.
Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство на филмските проекти, со работени наслови „Раѓање“ во режија на Милена Витман, „Мала шегаˮ на Трифун Ситниковски, „Прошетка” во режија на Елеонора Венинова, во соработка со Три Точки, поддржани од Агенција за филм на Република Северна Македонија.