Награда за најдобра актерка за „Мала Шега“ на Галичник Филм Фестивал!
Награда за најдобра актерка за „Мала Шега“ на Галичник Филм Фестивал!
Со особена гордост објавуваме дека „Мала Шега“ ја освои наградата за Најдобра актерка на Галичник Филм Фестивал.
Жирито во своето образложение за наградата истакна:
Јана Никодиновска за улогата на Надја во филмот „Мала Шега“, за извонредно суптилната и уверлива интерпретација на младата генерација и нејзините внатрешни конфликти; за борбата меѓу семејните околности, општествените притисоци и личните желби, која преку емоционална искреност и автентично присуство создава лик во кој денес можат да се препознаат многу млади луѓе.
Уште едно значајно признание за филмот и неговата актерска екипа, кое го збогатува неговото успешно фестивалско патување.

