„Мала Шега“ прогласен за Најдобар балкански краток филм на Adriatic Film Festival
Уште едно значајно меѓународно признание за „Мала Шега“!
Краткиот филм „Мала Шега“ ја освои наградата за Најдобар балкански краток филм на Adriatic Film Festival во Италија. Фестивалот претставува важна платформа за промоција на филмската уметност од Јадранскиот и Балканскиот регион, собирајќи автори и филмови од различни земји.
Оваа награда е уште едно признание за успешното меѓународно патување на филмот, кој досега е прикажан на повеќе од 40 фестивали ширум светот и освои бројни награди и признанија.
Им благодариме на фестивалот, жирито и публиката за довербата и поддршката.
„Мала Шега“ продолжува понатаму.

