Кратка содржина
Последниот преостанат жител, еден изнемоштен старец, на едно старо и напуштено село комуницира со последниот жител на соседното село преку црковната камбана. Но, еден ден старецот е вознемирен поради тоа што не добива „одговор“ од својот пријател. Решава да појде и да види што се случува. Го наоѓа својот пријател мртов, го закопува и се враќа на своето секојдневие. По некое време, старецот повторно е вознемирен, овој пат поради тоа што неочекувано се огласува камбаната од соседното село.
Година: 2017
Времетраење: 13′
ЕКИПА
Продуцент: Гоце Кралевски
Кинематограф: Фејми Даут
Сценограф: Никола Анѓеловски
Монтажер: Гоце Кралевски
Музика: Дарко Спасовски, Горан Керкез
Костимограф: Ирена Боневска
Актери: Мето Јовановски
Фестивали и Награди
Montreal World Film Festival, Montreal, Canada, 2017–1st prize SHORT FILMS
International Short Film Festival in Drama, Drama, Greece 2017 |
Kraljevski filmski festival, Kraljevo, Serbia 2018 |
Новости
Прва награда на Светскиот филмски фестивал во Монтреал за “Последните Камбани”
Сите новости за “Последните Камбани”
Последните Камбани на страната на Агенцијата за Филм на РМ