Вести

„Мала Шега“ со поддршка од HAVC

„Мала Шега“ на Трифун Ситнимковски доби поддршка и од Hrvatski audiovizualni centar (HAVC) со ко-продукцискиот партнер ИЗВАН ФОКУС од Хрватска. Филмот е поддржан и од Агенција за Филм

 

Инфо на HAVC web страната

 

„Раѓање” и „Мала Шега” на работилницат SPLIT SCRIPT

фото Jakov Prkic/Cropix

 

Два кратки филови „Раѓање” на Милена Виитман и „Мала Шега” на Трифун Ситниковски беа презентирани на работилницата SPLIT SCRIPT. На работилницата под водство на скрипт докторот Razvan Radulescu сценаријата добија доста интересни верзии.

Филмот „Раѓање” веќе доби поддршка од Агенција за Филм на Македонија, а „Мала Шега” е во фаза на развој. Филмовите се во производство на ДНФ Филмс со Гоце Кралевски како главен родуцент.

Повеќе инфо на Split Script – Slobodna Dalmacija

“Преекспонирано” на Солунскиот Филмски Фестивал пред филмските професионалци

„Преекспонирано“ оваа година е дел од Солунскиот филмски фестивал-Агора, каде што заедно со уште 8-те проекти ќе биде прикажан во делот “Work in progress”.

„Преекспонирано“ првпат ќе го види публиката од индустријата, составена од агенти за продажба, дистрибутери и претставници на фестивали, преку клип во траење до осум минути преставен од режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски. Покрај тоа, тие ќе имаат шанса да освојат една од пост-продукциските награди.

 

8 години љубов кон филмот

Септември е месец на многу почетоци, а за ДНф Филмс е месец на почеток на нашата успешна приказна. Прославуваме 8 години љубов кон филмлот, 8 години поминати низ многу сорабатки и обединѕвање на силите на филмски работници од различни сфери кои ни помогнаа кон нашата цел – продукција на Mакедонски филм. Прославуваме и продолжуваме со  полна пареа за изработка на следни проекти – за сите нас, љубителите на филмската уметност!

ДНФ Филмс со нов краткометражен филм – Раѓање

Новости во ДНФ Филмс! Официјално започнуваме со реализација на нов проект, поддржан од Агенција за филм во сценарио и режија на Милена Виитман и продукција на ДНФ Филмс. Краткометражен филм кои ќе ви доближи недопрени теми кои тлеат во внатрешната борба на многу млади жени. Го очекуваме Раѓање 😉

Marco Crispano со одлично интервју со Милена Виитман за создавањето на сценариото на Раѓање

Творење – производ на автентичност или добра имагинација? Сублимација на сопствени искуства или вештина? Во ова интересно интервју на Marco Crispano со Милена Виитман се зборува за многу прашања поврзани со пишувањето на Раѓање, како и тивката борба која што многу жени неуморно ја водат во модерното општество.

Повеќе на следниот линк: Scariofest за “Раѓање”

 

Filmnewerope  за Преекспонирано

Filmnewerope  за Преекспонирано

“Eleonora Veninova in Postproduction with First Macedonian Film Shot under COVID-19 Restrictions in 2020”

Eleonora Veninova in Postproduction

“Преекспонирано” се гордее и со втората European Shooting Star во нашиот тим

“Преекспонирано” се гордее и со втората European Shooting Star во нашиот тим: Sara Klimoska е одбрана во ова престижно друштво на извонредни актер(к)и, кои ќе ја имаат својата презентација на овогодинешниот Берлински филмски фестивал. Претходно, во 2019 Veselinov Blagoj ја понесе истата награда. 🏆

EFP SARA KLIMOSKA

Спрскиот Филмски Центар за “Преекспонирано”

Срспкиот Филмски Центар пишува за подвизите на “Преекспонирано”

Read More

Прва клапа на „Преекспонирано“

Режисерката Елеонора Венинова на крајот на неделава во Скопје и во Охрид почнa да го снима својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“, по нејзино сценарио, во продукција на Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а има поддршката од Еуримаж во делот на развој на копродукции.

Во филмот ќе играат Сара Климоска, Благој Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ-Џиџи, костимограф е Жаклина Крстевска.

Read More

„Преекспонирано“ подржан од Еуримаж

На 158-тиот состанок на управниот одбор , фондот „Еуримаж“ на Советот на Европа го поддржи филмот „Преекспонирано“ на македонската режисерка Елеонора Венинова во износ од 88.000 евра.

Eurimage поддржа 19 играни филмови, 2 анимирани филмови и 7 документарни филмови со вкупно 6.138.000 евра на оваа сесија.

Фондот напомена дека 37,5% од поддржаните проекти биле насочени од жени и дека биле издвоени 2.078.000 евра за овие проекти, што претставува 34% од вкупно доделениот износ.