Вести

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија.

„Преекспонирано“ доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија

Меѓу другото жирито кажа: “Тоа е една интелигентна, актуелна и релевантна камерна претстава. Преку користење на црно-бели фотографии ритмично ја организира поетиката на филмот и го зголемува емотивниот набој, додава слоевитост на актерската игра и ги рефлектира нивните емоции. Психолошката драма која се одвива на една локација со тројца ликови функционира низ внатрешната тензија која преовладува низ целиот филм без притоа да има потреба од спектакуларно драматични сцени. Притоа филмот останува верен на сижето за неискажаните работи до самиот крај. Жирито се одлучи на оваа специјална награда и заради режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“  📽

 

„ПРЕЕКСПОНИРАНО“ низ кината во Македонија

По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. Првиот долгометражен филм на Елеонора Венинова се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, „Киноверзум“ во Велес и во Свети Николе. Утревечер (сабота) ќе ја има и својата премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а наскоро ќе се најде и низ другите кина низ земјата.

Премиера полна до последно седиште – „Преекспонирано“

Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.

Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со аналогни фототехники и со користење на „ Ефектот Сабатиер“, односно „соларизираниот“, т.е. „преекспонираниот“ ефект по кој филмот го добива своето име.

На коктелот посетителите имаа прилика лично да им честитаат на режисерот, продуцентот, актерската екипа и останатите филмски работници, како и да уживаат во живата изведба на авторските нумери од филмот од авторот Лео Поповиќ а.к.а. Долорес.

Read More

ПРЕЕКСПОНИРАНО на KinEest Fest во Катанија, Италија

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.

Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.

 

🎉Нов филм на повидок…. се завршува “Мала Шега”!🎞

Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо на голем фестивал наменет за кратки филмови.

„Преекспонирано“ дел од European Film Market

Преекспонирано дел од European Film Market – EFM како дел од Berlinale – Berlin International Film Festival преку The Open Reel од 16ти до 21ви Февруари

Азиска премиера на ПРЕЕКСПОНИРАНО на Меѓународниот филмски фестивал во Пуна

PIFF – Меѓународниот филмски фестивал во Пуна го пречекува Things Unsaid / Преекспонирано меѓу специјално избраните најдобри филмови од целиот свет во селекцијата Глобално кино на неговото 21-во издание.
Ова ќе биде прва премиера на азискиот континент и ќе трае од 2 до 9 февруари.
🎬🎟🍿

Оргинална музика за филмот Преекспонирано достапна на нет.

Оригиналната музика од Lindsay Wright за филмот Преекспонирано сега можете и да ја слушнете на спотифај на следниот линк OST THINGS UNSAID
Голема благодарност до Линдзи и нејзиниот тим од Natalia Tsupryk, Deryn Cullen и Rupert Coulson за прекрасната соработка.
Уживајте 🎼🎬

Музиката за “Преекспонирано” на ританското радио “Скала”.

Дел од нумерите од оригиналната музика за “Преекспонирано” која ја напиша композиторката Линдзи Рајт, беа пуштени на денешната емисија на Марк Кермод на британското радио “Скала”. Со нејзини зборови: “Од големо значење ми е да се најдам на листа меѓу дел од моите херои од филмскиот музички свет!” – Lindsay Wright 🎼

Рецензија за Преекспонирано од Дејвид Кац за Синеуропа.

„…Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.
Имајќи го ова предвид, во „Преекспонирано“ (анг. ‘Things Unsaid’), кој имаше премиера во Официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал во Каиро, драматуршките моменти полека се крчкаат, наместо да експлодираат, а сценариото на Венинова умешно го истражува потенцијалното значење на насловот (н.з „некажани нешта“ во буквален превод од англиски) без притоа да западне во голи ирони
и. Но, додека проблематичната тинејџерка Маја (Сара Климоска), на почетокот делува како катализатор кој ја нарушува нивната домашна хармонија, таа понатаму на еден нежен начин ја поттикнува двојката да се распадне по сопствена вина. Во нејзината нелагодна улога на ќерка или внука, наместо на семејна пријателка (особено во моментите кога флертува со двајцата), Маја делува помудро и поослободено токму заради нејзината способност да не ги остави работите некажани. “

Одлична премиера на Преекспонирано на Каиро ИФФ

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.