Преекспонирано

Рецензија за Преекспонирано од Дејвид Кац за Синеуропа.

„…Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.
Имајќи го ова предвид, во „Преекспонирано“ (анг. ‘Things Unsaid’), кој имаше премиера во Официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал во Каиро, драматуршките моменти полека се крчкаат, наместо да експлодираат, а сценариото на Венинова умешно го истражува потенцијалното значење на насловот (н.з „некажани нешта“ во буквален превод од англиски) без притоа да западне во голи ирони
и. Но, додека проблематичната тинејџерка Маја (Сара Климоска), на почетокот делува како катализатор кој ја нарушува нивната домашна хармонија, таа понатаму на еден нежен начин ја поттикнува двојката да се распадне по сопствена вина. Во нејзината нелагодна улога на ќерка или внука, наместо на семејна пријателка (особено во моментите кога флертува со двајцата), Маја делува помудро и поослободено токму заради нејзината способност да не ги остави работите некажани. “

Одлична премиера на Преекспонирано на Каиро ИФФ

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.

 

 

„Преекспонирано“ на Венинова во официјалната конкуренција на Фестивалот во Каиро

 

Светската премиера на дебитантскиот филм на Елеонора Венинова „Преекспонирано“ ќе биде во ноември, во официјалната конкуренција на 44. Интернационалeн филмски фестивал во Каиро. „Преекспонирано“ кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Преекспонирано“ е меѓу 14-те филма од цел свет што ќе се натпреваруваат во официјална конкуренција

 

„Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel

 

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во

продукција на ДНФ Филмс во ко-продукција со ЛИЛИТ, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „

Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција.

Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.

„На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.

The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто.

“Преекспонирано” на Солунскиот Филмски Фестивал пред филмските професионалци

„Преекспонирано“ оваа година е дел од Солунскиот филмски фестивал-Агора, каде што заедно со уште 8-те проекти ќе биде прикажан во делот “Work in progress”.

„Преекспонирано“ првпат ќе го види публиката од индустријата, составена од агенти за продажба, дистрибутери и претставници на фестивали, преку клип во траење до осум минути преставен од режисерката Елеонора Венинова и продуцентот Гоце Кралевски. Покрај тоа, тие ќе имаат шанса да освојат една од пост-продукциските награди.

 

Filmnewerope  за Преекспонирано

Filmnewerope  за Преекспонирано

“Eleonora Veninova in Postproduction with First Macedonian Film Shot under COVID-19 Restrictions in 2020”

Eleonora Veninova in Postproduction

“Преекспонирано” се гордее и со втората European Shooting Star во нашиот тим

“Преекспонирано” се гордее и со втората European Shooting Star во нашиот тим: Sara Klimoska е одбрана во ова престижно друштво на извонредни актер(к)и, кои ќе ја имаат својата презентација на овогодинешниот Берлински филмски фестивал. Претходно, во 2019 Veselinov Blagoj ја понесе истата награда. 🏆

EFP SARA KLIMOSKA

Спрскиот Филмски Центар за “Преекспонирано”

Срспкиот Филмски Центар пишува за подвизите на “Преекспонирано”

Read More

Прва клапа на „Преекспонирано“

Режисерката Елеонора Венинова на крајот на неделава во Скопје и во Охрид почнa да го снима својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“, по нејзино сценарио, во продукција на Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а има поддршката од Еуримаж во делот на развој на копродукции.

Во филмот ќе играат Сара Климоска, Благој Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ-Џиџи, костимограф е Жаклина Крстевска.

Read More

„Преекспонирано“ подржан од Еуримаж

На 158-тиот состанок на управниот одбор , фондот „Еуримаж“ на Советот на Европа го поддржи филмот „Преекспонирано“ на македонската режисерка Елеонора Венинова во износ од 88.000 евра.

Eurimage поддржа 19 играни филмови, 2 анимирани филмови и 7 документарни филмови со вкупно 6.138.000 евра на оваа сесија.

Фондот напомена дека 37,5% од поддржаните проекти биле насочени од жени и дека биле издвоени 2.078.000 евра за овие проекти, што претставува 34% од вкупно доделениот износ.