По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. Првиот долгометражен филм на Елеонора Венинова се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, „Киноверзум“ во Велес и во Свети Николе. Утревечер (сабота) ќе ја има и својата премиера во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а наскоро ќе се најде и низ другите кина низ земјата.
Вести
Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.
Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со аналогни фототехники и со користење на „ Ефектот Сабатиер“, односно „соларизираниот“, т.е. „преекспонираниот“ ефект по кој филмот го добива своето име.
На коктелот посетителите имаа прилика лично да им честитаат на режисерот, продуцентот, актерската екипа и останатите филмски работници, како и да уживаат во живата изведба на авторските нумери од филмот од авторот Лео Поповиќ а.к.а. Долорес.
Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.
Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.
Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.
Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо на голем фестивал наменет за кратки филмови.








Дел од нумерите од оригиналната музика за “Преекспонирано” која ја напиша композиторката Линдзи Рајт, беа пуштени на денешната емисија на Марк Кермод на британското радио “Скала”. Со нејзини зборови: “Од големо значење ми е да се најдам на листа меѓу дел од моите херои од филмскиот музички свет!” – Lindsay Wright

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.
Светската премиера на дебитантскиот филм на Елеонора Венинова „Преекспонирано“ ќе биде во ноември, во официјалната конкуренција на 44. Интернационалeн филмски фестивал во Каиро. „Преекспонирано“ кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Преекспонирано“ е меѓу 14-те филма од цел свет што ќе се натпреваруваат во официјална конкуренција