Изминативе денови, тимот на „Раѓање“ престојуваше во Хрватска каде што се финализираше колор корекцијата и монтажата на звукот, проследени со тест проекција.
Колор корекцијата се одвиваше во студиото Eclecttica, а монтажата и дизајнот на звукот се работеа во студиото SobaDo.
Во Загреб беа режисерката Милена Витман, кинематографката Марина Колоска и продуцентот Гоце Кралевски, а пречекани беа од хрватската продуцентка Адријана Пруговечки.
Целиот процес помина во продуктивна и професионална атмосфера, со одлична соработка со тимот WOODZ production од Хрватска. Филмот добива својата финална форма и наскоро ќе биде подготвен за публиката.






