„Последните Камбани“ со награда во Русија

Краткиот филм Последните Камбани ја освои наградата од публиката и воедно  е прогласен за победник на меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петерсбург. Ова беше и негова руска премиера. По низата успешни фестивалски прикажувања на повеќе значајни фестивали ова е втора награда за Последните Камбани.