ДНФ Филмс е компанија за филмска продукција основана од филмски професионалци. Нашата мисија е да создаваме оригинални играни и провокативни документарни филмови од Македонија. Но ДНФ e фокусиран и на проширување на активностите во филмските индустрии на Балканот, како и за соработка со меѓународни копродукции. Наша цел е да изнаоѓаме нови талентирани филмски автори, кои пак со себе носат нови, интересни и разновидни сензибилитети. Се стремиме кон создавање нови дела и нивна светска дистрибуција пред широка публика, и нивна промоција на реномирани филмски фестивали.
Во ДНФ веруваме дека со поддржување е на нови автори со своите креативни визии го даваме нашиот придонес кон светската кинематографија.
Исто така, имаме за цел и да ги поддржиме веќе афирмираните автори кои би го надградиле своите претходни дела.
Последни вести
„ПРЕЕКСПОНИРАНО“ низ кината во Македонија
По успешната премиера, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ Филмс“ веќе е на редовен репертоар во македонските кина. […]
Read More ›Премиера полна до последно седиште - „Преекспонирано“
Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со […]
Read More ›ПРЕЕКСПОНИРАНО на KinEest Fest во Катанија, Италија
Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе […]
Read More ›🎉Нов филм на повидок.... се завршува "Мала Шега"!🎞
Во Загреб во студиото на Eclecita се правеше колоркеција на “Мала Шега”, филмот на Трифун Ситниковски. Филмот ќе доживее премиера набрзо […]
Read More ›